fbpx

Голем пожар избувна кај Костурино

 Голем пожар избувна кај Костурино

Денеска во 12:45 часот, во атарот на село Костурино ТППЕ Струмица со 5 ПП возила и 15 пожарникари – спасители интервенира на гасење на запалено стрниште, нискостеблеста шума и стари гуми, информираа струмичките пожарникари.

Пожарот беше во разгорена фаза при што е спречено негово натамошно ширење кон околната шума.

Екипите се се уште на терен и работат на негово целосно ликвидирање.

Причинета е значителна материјална штета.

Share via
Copy link