fbpx

Која е Јована Тренчевска, новата министерка за труд и социјална политика?

 Која е Јована Тренчевска, новата министерка за  труд и социјална политика?

Јована Тренчевска е новата министерка за труд и социјална политика.

Јована е една од основачките на Форумот на жени на СДСМ, а во моментов е членка на извршниот одбор на Форумот на жени на СДСМ.

Родена е во 1969 година во Струмица. Дипломира на Филозофскиот факултет во Скопје на Институтот за социологија како дипломиран социолог. На истиот Институт се стекнува со звањето магистер по социолошки науки.

Од 2003 година е вработена во Министерството за труд и социјална политика како советничка за родова еднаквост во секторот за еднакви можности, а во 2018 е назначена за раководителка на именуваниот сектор.

Помеѓу 2018 и 2020 ја извршува функцијата државна секретарка во Министерството за труд и социјална политика, а од 2020 година е директорка на Државниот инспекторат за труд.

Share via
Copy link