fbpx

„Комуналец“ апелира за рационално користење на водата за пиење

 „Комуналец“ апелира за рационално користење на водата за пиење

-Поради високите температури апелираме до сите граѓани на Општина Струмица за рационално користење на водата за пиење. Поради несоодветното трошење на водата посебно во летниот период пумпите кои го снабдуват горниот дел на градот остануват без вода и доага до нивно оштетување со што сме приморани секојдневно да ги сервисираме и да чекаме водата да дојде до одредено ниво за да можат да функционират. Сето тоа по автоматизам придонесува за прекинување на водоснабдувањето во горниот дел на градот.

За да се спречи ваквата ситуација потребно е водата да се користи исклучиво само за пиење и основни хигиенски потреби. Секое друго неконтролирано трошење на водата ( полевање на дворови, бавчи, миење на улици и и сл.) е строго забрането и ќе биде санкционирано од страна на инспекциските служби.

Во текот на денешниот ден 11 јули горниот дел од градот и населеното место Дабиле повторно ќе останат без вода од 10 до 17 часот, стои во соопштението на ЈПКД „Комуналец“.

Share via
Copy link