fbpx

„Комуналец“ го чисти каналот на реката Тркања од Пречистителната станица до „Крушевска Република“

 „Комуналец“ го чисти каналот на реката Тркања од Пречистителната станица до „Крушевска Република“

Екипа од Оделението Водовод и Канализација при ЈПКД „Комуналец“ започнува со чистење на каналот на река Тркања од Пречистелната Станица до спој со канал од „Крушевска Република“ и Каналот од мостот на улица „Климент Охридски“ до спој со реката Тркања.

Целата должина на овој потег е околу 3 километри а со неговото чистење ќе се овозможи поголем проток на водата што се влева во каналот на „Крушевска Република“ со што се спречува поплавувањето на долниот дел од градот.

По чистењето на овој потег ке се изврши и целосно отстранување на песокот и земјата со машина од каналот на „Крушевска Република“.

Share via
Copy link