fbpx

„Комуналец“:Стоп за користење на водата за пиење за наводнување

Водата за пиење претставува скапоцен ресурс и треба рационално и одговорно да се троши, затоа апелираме до граѓаните да не ја користат водата што е наменета за пиење за наводнување на земјоделските култури, тревници и дворни места, особено во летните периоди бидејки капацитетот на резервоарите за вода не е предвиден за наводнување на земјоделски култури туку единствено за пиење и за потребите на домаќинствата, соопштија од ЈПКД„Комуналец“.

Доколку водата за пиење се троши ненаменски, во руралните средини се јавува недостиг од вода за домаќинствата.

ЈПКД „ Комуналец „ Струмица се грижи за непрекинато снабдување со квалитетна питка вода на сите корисници, мегутоа поради несовесно однесување на некои граѓани, посебно во летниот период, доаѓа до краток прекин на водоснабдувањето.

Share via
Copy link