fbpx

РК Астраион сезоната ја стартува на домашен терен против Радовиш

Денес во просториите на Ракометната федерација на Македонија се одржа ждрепката за првата фаза од новата сезона во Суперлигата. Сезоната ќе се игра во две групи од по 7 екипи. По извршувањето на ждрепката беше познат и распоредот на натпреварите, односно комплетирани се сите кола.

Во првото коло Астраион на домашен терен ќе игра против РК Радовиш. Во второто коло струмичани ќе гостуваат кај Пролет, во третото силите ќе ги одмерат со Струга на домашен терен. Во четвртото коло Астраион ќе гостува кај Јуниор од Кисела ВОда, во петтото коло ракометарите на Астраион ќе бидат слободни. Во шесттото коло на домашен терен Астраион ќе ја пречека екипата на Голдер Арт – КЛ7, додека во седмото коло струмичките ракометари ќе гостуваат во Охрид кај екипата на ГРК Охрид 2013.

Календарот од првиот дел на Суперлигата за група А и група Б.

Share via
Copy link