Две лица од Богданци потешко повредени откако со „фиат“ излетале од патот
Косовски државјанин летал со 200 километри на автопатот кај Гевгелија

На 18.05.2026 во 22.18 часот на автопат А1 кај клучка Смоквица , гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода косовскиот државјанин Б.Т.(30), соопштија од СВР Струмица.
Имрно, при контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Б.Т. управувал патничко возило „ауди а6“ со косовски регистарски ознаки со брзина од 203 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час. Тој е исклучен од сообраќај и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. Против лицето е поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.