fbpx

Костадинов го претстави проект за урбан мост меѓу стара и модерна Струмица

 Костадинов го претстави проект за урбан мост меѓу стара и модерна Струмица

Кандидатот за градоначалник на Струмица од СДСМ, Костадин Костадинов денеска на прес конференција информираше за реализицијата на проектот урбан мост меѓу стара и модерна Струмица.

-По сите завршени подготвителни активности и потребни процедури од страна на Општина Струмица, кои опфаќаат подготвување целосна и комплетна техника документација, како и обезбедување на финансиски средства во висина од 1,4 милиони евра преку Владата од ТАВ, непречено се врши регулација на поројот Свети Илија. Покрај уредувањето на поројот, во рамки на овој проект ќе бидат изведени две сообраќајници со булеварско решение паралени со поројот, изградба на фекален колектор, кој ги оофаќа сите отпадни води од населбата Софилар, Касарната и другите објекти од овој дел на градот.-Всушност, станува збор за огромен капитален проект, изградба на нов булевар „23 Октомври“, кој е согласно генералниот урабнистички план. Ова е исклучително значаен зафат за Струмица, зато што ќе го поврзе старото со новото јадро на градот, со што ќе се олесни и поедностави сообраќајното движење и истовремено ќе обезбеди поквалитени услови за живот на граѓаните, кои живеат во овој дел на градот, рече Костадинов.

Share via
Copy link