fbpx

Костадинов и Даскаловски објавија голема победа во Струмица

 Костадинов и Даскаловски објавија голема победа во Струмица

Костадин Костадинов, кандидат за градоначалник на Струмица од СДСМ и коалицијата вечерва пред штабот на партијата објави дека победил во првиот круг на локалните избори со над 4.000 гласови разлика пред кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Жан Дрвошанов.

Костадинов објави дека е новиот градоначалник на Струмица.

–Победивме, успеавме! Упеавме и пуштивме порака како може да се води кампања и да се победи на избори со над 4.000 гласови разлика без притоа да се спомне опозицијата, без да се спомене против кандидатот оти на крајот треба и ним да им служиме. Ќе бидам градоначалник и советници на сите, рече Костадинов во своето обраќање.

Пред присутните се обрати и носителот на советничката листа на СДСМ, Марјан Даскаловски.

-Нашиот градоначалник и нашата советничка листа победија со 4 советници повеќе. Струмица секогаш била победничка и оваа победа му ја посветуваме на нашиот лидер Зоран Заев, рече Даскаловски.

Инаку, според СДСМ во новиот состав на Советот на општината тие освоија 13 мандати, ВМРО ДПМНЕ 9 и „Стига е“ еден мандат.

Share via
Copy link