„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Костадинов: ќе правам се да не се зголемат цените на услугите кон домаќинствата
-Заедно да се погрижиме за почиста Струмица.Во најголемата Европска и светска криза исправени пред огромни предизвици, ги реализираме активностите.Најавувам дека колкави и да се проблемите, поради зголемување на цените по сите основи, колкава и да е потребата за зголемување на цените на услугите кон домаќинствата, додека ја имам честа да ја водам Струмица правам се за тоа да не се случи!Ни во исто време барам разбирање од секој еден граѓанин, за предизвиците со кои сите ние заедно се соочуваме, напиша на фејсбук градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.