„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Костадинов: Младите одбираат нова развојна економија за да биде уште подобро за сите
Прес конференција на Костадин Костадинов, портпарол и кандидат за пратеник од СДСМ:
Во изминатите три години реализиравме голем број на мерки и политики со кои ја зголемивме понудата на работни места и го олеснивме патот до прво вработување на младиот човек.
Стапката на невработеност кај младите лица денес изнесува 35,3% што е многу пониска од 2016 кога беше 48,6%, а до 2024 година ќе ја донесеме под 17%.
Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување продолжува со рекорден буџет за 2020 година од 1,3 милијарди денари.
Директна поддршка на младинското и женското претприемништво, преку грантови во висина од 5.000 до 15.000 евра.
Обезбедуваме поврат на персонален данок за сите нововработени до 29 години во првите две години од работењето.
Во поранешното „Македонско село“ формираме „Старт-ап село“ („Start-Up Village“) кое ќе нуди физички простор за живеење и работа на млади луѓе со започнат или бизнис во подготовка.
Продолжува мерката за 3.000 денари месечен младински додаток во производството за вработени млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование.
Изборот на 15 јули е помеѓу силна економија – шанса за младите или шанса за ново богатење на ВМРО-ДПМНЕ и бркање на младите од државата.
На 15 јули граѓаните, младите, одбираат нова развојна економија, одбираат парите уште повеќе да завршуваат во нивните буџети, за да биде уште подобро за сите.