fbpx

Костадинов најави изградба на велосипедска патека низ Струмица

 Костадинов најави изградба на велосипедска патека низ Струмица

Интегрален текст од обраќањето на прес конференцијата на Костадин Костадинов, кандидат за градоначалник на Струмица од СДСМ

Драги Струмичани и Струмичанки,
Согледувајќи ја потребата од неопходни инфраструктурни зафати, во соработка со ЕУ, Општината реализираше студија за изградба на 7 километри велосипедска патека низ градот. Оваа иницијатива е произлезена како резултат на долгогодишната соработка со големиот број на активни велосипедски здруженија од Струмица.

Сведоци сме на сé поголемиот сообраќаен метеж во градот, како и високата
циркулација на автомобили во централното градско подрачје кои создаваат емисии на
штетни гасови во воздухот. Она што јас како иден Градоначалник ќе го преземам е стимулација на употребата на алтернативни решенија за транспорт, поконкретно – употреба на велосипеди.
Оттука, во рамки на нашата програма предвидуваме реализација на велосипедската
патека предвидена со студијата. Покрај ова, ќе работиме на едукација на возачите за правилно паркирање на нивните автомобили, со цел непречено движење на велосипедистите. Ќе се фокусираме и на промоција на ваквиот алтернативен транспорт кај учениците, затоа што негувањето на навика за користење на ваков транспорт започнува од мали нозе.

Дополнително, во соработка со “Europe House”, редовно ќе организираме велосипедски паради за подигнување на свеста и информирање за
важноста за користење на велосипеди.
Струмица ќе стане вистински велосипедски град!

За најдоброто, од срце, за Струмица!#

А за да го стимулираме ова, дополнително ќе биде овозможено и субвенционирање на
велосипеди. Во оваа прилика сакам и да упатам апел до сите вас да ја негуваме свеста за зачувување на животната средина и зачувување на сопственото здравје.
Убавите навики, како возењето велосипед, треба буквално да бидат дел од нашето
секојдневие. Ова треба да го правиме и за наше добро, но и за доброто на
генерациите по нас.

Share via
Copy link