fbpx

Костадинов најави „Кавалер“ во Струмица-електрични возила за превоз низ пешачките зони

 Костадинов најави „Кавалер“ во Струмица-електрични возила за превоз низ пешачките зони

-Нека ни е со среќа Струмичкиот „кавалер“.Нова бесплатна услуга за граѓаните.Наскоро во мојата Струмица!, објави денеска градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

-По примерот на Љубљана ќе воведеме Струмички кавалер!Електрични возила адаптирани за превоз во пешачка зона, ќе излегуваат во пресрет на пред се стари и изнемоштени сограѓани кои сакаат да се прошетат низ паркот, плоштадот, пешачките зони во Струмица.Наша морална обврска е да мислиме на сите граѓани, да овозможиме секој да ја ужива преубавата Струмица.Имаме општествено одговорни компании кои со силна соработка со мене како градоначалник ја прават Струмица уште поубаво место за живеење, напиша струмичкиот градоначалник.

Share via
Copy link