„Комуналец“ почна со чистење на дивите депонии во населените места
Костадинов најавува казни за несовесните граѓани кои фрлаат мебел на улица
-Од сите нас зависи каква слика сакаме да оставиме за Струмица.Оваа состојба не е ниту од „Комуналец“ ниту од советниците ниту од администрацијата, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
Мебелот кој на некој не му требал дома, можел да се јави во „Комуналец“ и без финансиски надоместок да го подигнат.Таквото луксузирање на поединци ќе биде многу строго казнето.Овде барам поддршка и разбирање од сите граѓани на Струмица и почит кон вработените во ЈПКД „Комуналец“, напиша Костадинов.