fbpx

Костадинов: Општина Струмица ќе изработи Локална стратегија за младите

 Костадинов: Општина Струмица ќе изработи Локална стратегија за младите

-Носиме многу важен документ за младите во Струмица во партнерство со Центарот за истражување и анализи „НОВУС“.Денеска ја одржавме првата работилница за изработка на Локалната Стратегија за млади на општина Струмица 2023-2027 година на која се разговараше за моменталната состојба на младите и се дефинираа визијата и мисијата за млади во Општината, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

-Целта ни е заедничка – Струмица да биде Општина на младите. Колку повеќе ги вклучуваме во општинските процеси и ги јакнеме нивните позиции во општеството, толку повеќе ќе расте желбата кај нив да останат тука, да го развиваат својот потенцијал и да бидат исполнети и среќни.За мене, поддршката на младите е инвестиција и ресурс за економски развиена, европски структуирана и убава Струмица, напиша Костадинов

Share via
Copy link