„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Костадинов: Општината и оваа година обезбедува лични асистенти
-Oпштина Струмица како лидер во државата во грижата за лицата со попреченост вклучени во образовниот процес и оваа година обезбедува лични асистенти кои ќе им помагаат на учениците со попреченост во развојот.Грижата е тие да се образоваат, а не да им бидеме само друштво, туку да ги вметнеме во образовниот процес, да успееме да им помогнеме во социјализацијата со другите дечиња и да се чувствуваат исто како и нив, затоа што тоа го заслужуваат!, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.