Костадинов: почнаа вежбите за евакуација во случај на пожар

 Костадинов: почнаа вежбите за евакуација во случај на пожар

-Од денеска започнавме со спроведување на превентивни мерки за поголема безбедност на децата во општинските училишта.Во соработка со ТППЕ Струмица беше реализирана вежба за евакуација во случај на пожар во ООУ „Кирил и Методиј“ во Дабиле.Покрај показната вежба од страна на пожарникарите, учениците беа запознати и со основните мерки коишто треба да ги преземат за да се заштитат во случај на пожар.Ваква вежба за евакуација утре ќе биде спроведена во ООУ „Сандо Масев“ во Струмица.Децата се наша радост и гордост, но наша е и одговорноста за нивните животи, објави денеска градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

Share via
Copy link