fbpx

Костадинов: Продолжува изведбата на нови секундарни канализациски краци во Костурино

 Костадинов: Продолжува изведбата на нови секундарни канализациски краци во Костурино

-Летото е како создадено за реализација на вакви и слични проекти, па од ден на ден градежната офанзива во општина Струмица ќе зема се поголем замав. На тој начин довербата од граѓаните ја оправдуваме максимално.Овде во Костурино продолжува изведбата на нови секундарни канализациони краци, објави градоначалникот Костадин Костадинов.

-Оваа активност се спроведува согласно барањата на жителите од населено место Костурино на средбите што со нив ги имав во мојот кабинетет и на тој начин овој ангажман доби приоритетно значење.На неговата реализација и претходеше изработка на Проект за изведба на секундарни канализациони краци во село Костурино од страна на Општина Струмица и ЈПКД Комуналец.

Договор за реализација на проектот во вредност од 4.700.273,00 денари беше потпишан во месец април, а Средствата се обезбедени од општинскиот буџет, напиша Костадинов.

Share via
Copy link