fbpx

Костадинов: за две години во Струмица се асфалтирани преку 50 километри улици

 Костадинов: за две години во Струмица се асфалтирани преку 50 километри улици

Денеска втор слој асфалт се ставаше на улицата „Герас Цунев“ на потегот од улицата „Сандо Масев“ до улицата „Боро Џони“.Се асфалтира вкупна површина од 774 метри квадратни, на којашто претходно беше изгребан стариот асфалтен слој. Овој градежен зафат чини 1.300.000 денари обезбедени од општинскиот буџет.

Градоначалникот Костадин Костадинов со советниците и тимот од секторот за урбанизам и комунални работи, извршија увид во градежните активности на улицата.

-Станува збор за една поголема градежна офанзива во однос на реахибилитација на локалните улици во општина Струмица за 2023-та година. Вчера се асфалтираше улицата „Младинска“ во должина од 450 метри, асфалтирана е улицата „Ѓорги Трајков“. Ова се само три дневни активности, секако дека продолжуваме со уште позасилена динамика и во населените места, дополнително асфалтирање ќе има во Просениково, асфалтиравме во Банско, Дабиле, Добрејци, а важно е и централното градско подрачје. Вреди да се каже дека само овие неколку улици ја чинат Општината, односно граѓаните близу 11 милиони денари, а важно е да знаат граѓаните дека за овие две години имаме асфалтирано преку 50 километри улици со прв и втор слој на асфалт. Неделава ќе почнеме со асфалтирање со прв слој асфалт на обиколницата, на местото каде што го градиме новиот булевар Струмица – Дабиле што е после реакции на граѓаните сосема оправдано, оти ние сме Општина којашто реагира по реакциите на граѓаните, рече градоначалникот Костадинов.

Share via
Copy link