Костадинов:Болат срцето и душата за изгубените млади животи во дискотеката во Кочани

 Костадинов:Болат срцето и душата за изгубените млади животи во дискотеката во Кочани

-Болат срцето и душата за изгубените млади животи во дискотеката во Кочани.Болат за сите кои се борат за своите животи во болниците и за нивните семејства.Ваков траор со којшто се разбудивме не паметам во нашата Македонија, ваква болка да не се повтори, објави градоначалчникот на Струмица, Костадин Костадинов.

-Изразувам најискрено сочувство до семејствата и се ставам на располагање и јас и општина Струмица за било каква помош.Болката е неутешна за семејствата, се молам за нив и за здравјето на сите повредени во оваа трагедија.Виновниците најбрзо да се откријат и казнат за никогаш да не се повтори!, напиша струмичкиот градоначалник.

Share via
Copy link