fbpx

Костадинов:И годинава субвенционираме купување нов велосипед

 Костадинов:И годинава субвенционираме купување нов велосипед

-Мои сограѓани, ајде нашата Струмица да ја направиме велосипедски град.Да ги оставиме автомобилите, да возиме велосипеди. Ќе живееме здраво, ќе заштедиме на гориво и ќе дишиме почист воздух, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

-Ако немате, ви нудиме можност да си купите. Од буџетот издвоивме 800 илјади денари за субвенционирање на купување велосипеди во 2022 година.Денеска го објавивме Јавниот повик кој ќе биде отворен до исцрпувањето на буџетот, но не подоцна од 29 април и важи за сите граѓани на општина Струмица, додава Костадинов.

-Вие купете велосипед, а ние ќе го исполниме нашето ветување за завршување на велосипедската инфраструктура во должина од 11 километри во рамките на проектот Струмица – паметен вело град, напиша струмичкиот градоначалник.

Share via
Copy link