„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Кривична пријава за жител на Злеово, осомничен е дека пред 4 години извршил полови дејствија над малолетничка
Одделението за внатрешни работи Радовиш, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против Г.Р.(66) од село Злеово Радовишко поради постоење основи на сомнение дека пред околу четири години извршил полови дејствија над малолетничка, соопштија денеска од СВР Струмица.
Настанот во ОВР Радовиш бил пријавен на 14.12.2022, по што бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. Г.Р. бил лишен од слобода и задржан во полициската станица, а во текот на денот ќе биде изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.