fbpx

Полициски билтен: физички напади во Радовиш и Струмица

 Полициски билтен: физички напади во Радовиш и Струмица

На 14.12.2022 во 22.55 часот, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го  привеле А.Б.(32) од Радовиш затоа што околу 21.20 часот на улица „Мирче Ацев“ во Радовиш физички го нападнал Е.А.(31) од Радовиш. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 14.12.2022 во 12.30 часот во Полициската станица Струмица, М.И.(43) од Струмица пријавил дека околу 11.00 часот на улица „Климент Охридски“ во Струмица бил физички нападнат од Ф.К. од Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share via
Copy link