fbpx

Со свечена седница одбележан Денот на Општина Василево

 Со свечена седница одбележан Денот на Општина Василево

Денеска со Свечена седница Советот на општина Василево го одбележа 16-ти Декември, Денот на општина Василево, денот кога пред 26 години  е одржана Првата конститутивна седница, на која  е формирана ЕЛС Василево.

Седницата ја отвори претседателот на Советот, Ристо Делијанов, кој упати желби за  успешен понатамошен развој на Општината.

-Во периодот во кој ја извршуваме оваа граѓанска должност, зад нас се дваесетина одржани седници со над стотина Одлуки, Решенија, Програми… во кои се преточени потребите на заедницата и условите неопходни за нејзино непречено функционирање во делот на локалните надлежности. Преку нашата работа како Советници продолжуваме по патот што го трасирале нашите колеги од претходните општински Совети и во името на сите советници, упатувам добри желби за иден  раст и развој на општината, рече претседателот Делијанов

Свое обраќање имаше и градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов кој зборувајќи за напредокот и развојот на општината ја нагласи добрата соработка со сите советници и институции кои општината ја има, како резултат на што се реализирани бројни проекти со кои се подобруваат секојдневните услови за живот во општина Василево.

-Како актуелен градоначалник, и Совет во кој функционираме како едно, без разлика на политичката определба, со кој имам одлична соработка, во периодот во кој  сум прв човек на општината, успешно го продолжувам нејзиниот развој.  Развојот кој започна пред 26 години и во кој учествуваа моите претходни колеги и советници.   Со секој нов ден, максимално, со ангажирање на сите потенцијали и  ресурси,  работам на подобрување на се она што значи услови за живеење во општина Василево.Деновите како денешниот добиваат на своето значење од перспектива на сите досега реализирани мали и големи зафати, проекти, успешно затворени прашања кои од ден во ден ја менуваа сликата на населените места. Сето ова е резултат на многу работа, вклученост на сите потенцијали, умешност за менаџирање на различни состојби и секако добрата соработка што општина Василево ја има со сите институции“, нагласи градоначалникот Андонов.

Осврнувајќи се на постигнатите резултати, вети развој и во наредниот период.

– Креиравме буџет на демократски и партиципативен начин , граѓаните мора да знаат за кои проекти и идеи ќе се трошат нивните пари. Со добро планирање, многу залагање, континуирана работа  и вклученост на сите жители од заедницата во нејзиниот развој, напредокот на општина Василево е сигурен.  Затоа почитувани присутни, денес, кога ја одбележуваме 26-годишнината, порачувам дека заедно, единствени околу приоритетите и во согласност со можностите, имаме сигурна реализација на  планираното“, порача градоначалникот Андонов кој е на почетокот од втората година на својот градоначалнички мандат.

На седницата присуствуваа директорите на јавните општински институции, претпријатија и  установи, дел од поранешните градоначалници на општина Василево, градоначалници од соседните општини,  вработени, соработници и пријатели на општина Василево.

Share via
Copy link