Едно лице повредено по физичка пресметка во Струмица
На 15.12.2022 во 18.30 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода Д.М.(41) и М.А.(37), двајцата од Струмица, затоа што околу 15:00 часот во дом на улица „Бетовенова“ во Струмица учествувале во физичка пресметка помеѓу повеќе лица, при што употребиле остри и тврди предмети со кои му нанеле повреди на Ј.С.(60) од Струмица, соопштија денеска од СВР Струмица.
По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.