fbpx

ЗСР „Шампион 2005“ отвори канцеларија за комуникација со спортските риболовци

 ЗСР „Шампион 2005“ отвори канцеларија за комуникација со спортските риболовци

Здружението на спортски риболовци „Шампион 2005“-Струмица од вчера отвори сопствена канцеларија за комуникација со спортските риболовци од територијата на Општина Струмица, како и од останатите општини во регионот.

Во канцеларијата ќе се издаваат легитимации и маркици за спортски риблов во 2023 година, како и други активности на спортските риболовци.

Канцеларијата се наоѓа на улица „5-ти ноември“ број 37 во Струмица, веднаш после поранешниот Чурлински мост.

За подетални информации сите заинтересирани можат да се јават на 078 378 040.

Бистро!

Share via
Copy link