Со механизација и рачно се чистеше крајбрежието на Дојранско Езеро
РЕКОРДНА ЗАПЛЕНА НА ДЕВИЗИ И ЗЛАТО ВО ВРЕДНОСТ ОД ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА НА ГП БОГОРОДИЦА
Инспектори од мобилните тимови на Царинската управа вчера на ГП Богородица при контрола на автобус открија и запленија 262.750 долари, 155.760 евра и 12 килограми злато и златен накит со проценета вредност од околу 600.000 евра, соопштија денеска од Царинската управа.
Заради постоење сомнеж, автобусот со турски регистарски ознаки управуван од македонски државјанин, кој се движел на редовна линија Скопје – Истанбул (Турција) при излез од земјава бил упатен на детална контрола на царинскиот терминал на ГП Богородица. При прегледот е откриен специјално изработен бункер во кој се пронајдени разновиден златен накит и златни плочки со неправилна форма, како и голема количина на девизи.
Стоката со вредност од вкупно околу еден милион евра и автобусот се привремено задржани и предадени на Одделението за истраги во Царинската управа за понатамошна истрага.
Со поднесување на соодветни пријави, случајот ќе биде предаден на надлежното Основно јавно обвинителство.