fbpx

Кривични пријави за шест лица од Дукатино и Горни Липовиќ за бесправна сеча на дрва

 Кривични пријави за шест лица од Дукатино и Горни Липовиќ за бесправна сеча на дрва

СВР Струмица – ОВР Радовиш, до Основното јавно обвинителство Радовиш, поднесе кривична пријава против С.С.(43), Г.С.(50), И.С.(45) и Ј.Г.(74), сите од село Дукатино, струмичко, поради постоење на сомнение дека сториле кривично дело „кражба“ по член 235 став 4 од Кривичниот законик.

На 28.11.2024 на место викано „Сука“ во општина Радовиш, пријавените извршиле бесправна сеча на 113 дабови стебла, по што ги натовариле на трактор и заминале од местото со намера да ги продадат на друго лице. Притоа, биле пресретнати од полициски службеници од Полициската станица Радовиш и Шумска полиција Радовиш, по што биле лишени од слобода, а тракторот со приколката натоварена со дрвата и две моторни пили им биле одземени.

СВР Струмица – ОВР Радовиш, до Основното јавно обвинителство Радовиш, поднесе кривична пријава против С.С.(58) и Т.К.(29), двајцата од село Горни Липовиќ, општина Конче, поради постоење на сомнение дека сториле кривично дело „кражба“ по член 235 став 3 од Кривичниот законик.

На 28.11.2024 на место викано „Ушковица“ во општина Радовиш, пријавените извршиле бесправна сеча на 44 стебла, по што ги натовариле на трактор и заминале од местото со намера да ги продадат на друго лице. Притоа, биле пресретнати од полициски службеници од Полициската станица Радовиш и Шумска полиција Радовиш, по што биле лишени од слобода, а тракторот со приколката натоварена со дрвата и моторни пила им биле одземени.

Фото: архива

Share via
Copy link