УШТЕ ЕДНА КРИЗА НА ПОВИДОК Електрификацијата ќе запре, ако не се инвестира во рудници за бакар
Куклишанец се сомничи дека усмртил куче со истрел од ловечка пушка

СВР Струмица соопшти дека вчера во 17:00 часот во село Куклиш, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Д.Б.(50) од истото село. Тој се сомничи дека околу 14:00 часот испукал еден истрел од ловечка пушка, при што усмртил куче, сопственост на М.Ѓ. од село Куклиш.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Струмица и ветеринарен лекар. Од Д.Б. е одземена пушката и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.