„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
„Култура или Фискултура“ бара в.д. директор на Центарот за култура да биде избран од нивните редови
Интегрален текст од прес конференцијата на актерката Ангелина Ангелова:
На ден 8.7.2021 година Управниот суд, постапувајќи по тужбата на двете одбиени кандидатки на конкурсот на Министерството за култура за назначување на генерален директор на НУЦК „Антон Панов“ – Струмица, донесе пресуда со која се поништува Решението на Министерството за култура за избор на Васил Бубев за генерален директор на НУЦК „Антон Панов“ од Струмица.
Наближува денот кога пресудата добива правосилност и извршност. Јавно е познат ставот на ресорното Министерство дека ќе постапи согласно препораките и насоките изречени во пресудата од судот. Но, во време кога државата е во изборен процес, повторувањето на постапката за избор на генерален директор е спротивно на законските одредби. Останува можноста привремено да се назначи институцијата в.д. директор. Но како што беше во декември 2020 година, кога Министерство го распиша конкусот за избор на генерален директор, а неколку дена потоа името на Васил Бубев веќе испливива како избран кандидат, сега во оптек кружат повеќе имиња на исто така неискусни и некомпететни колеги кои се вработени во иституцијата од неодмна и други на кои им остануваат само неколку месеци до пензионирање. Единствено заедничко за сите имиња кои се можни идни в.д. директори е припадноста кон акуелната власт.
Во декември 2020 г. се обративме со писмен допис до министерката Стефоска барајќи да избере компетентен, професионален и стручен кадар за прв човек на институцијата. Во подоцнежните средби со неа разбравме дека дописот не стигнал до неа. Минатата седмица, поттикнати од новонастанатата ситуација, повторно испративме апел до неа, но во случај тој пак да не дојде до неа, јавно ѝ се обраќаме преку вас медиумите со барање, доколку назначи в.д. директор, тоа да биде член на драмскиот ансамбал со компетентно високо обрзование, член на иницијативата „Култура или фискултура“.
Се надеваме дека, конечно, стручноста и компетентноста ќе бидат единствениот критериум за избор. Доколку повторно бидеме игнорирани и манипулирани, ќе излеземе пак на улица.