„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Македонија ќе добие прв регионален оддел за фетална медицина
Да се отвори и опреми оддел за фетална медицина, да се спроведе континуиран тренинг на доктори специјалисти, да се обезбедат едукативни материјали и услови за воспоставување телеконференциска врска меѓу клиниката и врвни екперти, супспецијалисти за фетална медицина од Европа и светот.
Овие активности вчера ги договорија претставници на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство од земјава, на Министерството за надворешни работи на Република Грција, Министерството за здравство на Република Северна Македонија и светската Фондација за фетална медицина, предводена од еминентниот професор Кипрос Николаидес.
На средбата, во организација на Македонската Асоцијација за Фетална Медицина се потпиша и Меморандум за соработка, кој на Клиниката за гинекологија и акушерство го врачи Н.Е. амбасадорката на Република Грција, г-ѓа Софија Филипиду. Со овој меморандум се предвидува континуирана соработка согласно „Fetal Medicine Programme for the period 2022- 2025“, каде се опфатени сите иницијативи.
„Овие активности ќе им помогнат на докторите – специјалисти да воспостават континуирана соработка со врвни експерти од Фондацијата за фетална медицина во Лондон – светски референтен центар основан од професор Кипрос Николаидес. На овој начин, тие ќе бидат во тек со најновите медицински достигнувања, кои ќе ги применуваат во работата со нашите пациенти“, вели професор Ана Данева Маркова, Претседател на Македонската Асоцијација за Фетална Медицина, со чија помош се отпочна и ќе се координира оваа активност.
Тренингот на докторите ќе им овозможи дополнителни знаења за интервенциите кои се дел од феталната медицина односно ќе им овозможи повисоко ниво на антенатална дијагностика.