Пописот е од особено значење за ромската заедница бидејќи во нашата држава големината на заедницата дефинира сè, почнувајќи од тоа колку вработувања ќе имаме во јавната администрација, колку полицајци ќе имаме, дали ќе се усвојат нови ДУП-ови за ромските маала, колку ромски куќи треба да се легализираат, дали ќе се обратиме во суд на нашиот […]
На денешната 101-ва седница, Владата на Република Северна Македонија донесе измени и дополнувања на мерките за спречување на ширењето на КОВИД-19 според кои се дозволува организирање и одржување на спортски натпревари со присуство на публика, настани од културата, работа на ресторани, кафетерии, кладилници, обложувалници, концерти, семинари, работилници и други настани на затворено со 30% од […]
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ја лансираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“. Кампањата има за цел да ги информира граѓаните за придобивките од вакцинацијата како начин за лична и колективна здравствена заштита од КОВИД-19, да ја зголеми одговорноста и свесноста кај […]
При контрола на автобус пријавен за влез на ГП Табановце, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи привремено задржаа 1000 парчиња антиген тестови за Ковид 19. -Вчера во 13:00 часот на ГП Табановце за влез се пријавил автобус со македонски регистарски на превозникот Дурмо турс од Гостивар, управувано од лицето С.М од Гостивар, кој сообраќа […]
Од 1 септември 2021 година домашни и странски државјани ќе можат да влезат на територијата на Република Северна Македонија доколку претходно на граничниот премин приложат: – сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку две дози на вакцина против заразната болест КОВИД-19; или – сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, […]
На денешната редовна седница на Владата на Република Северна Македонија, беше усвоен Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за јавни претпријатија предложен од Заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресури, Љупчо Николовски и министерот за економија, Крешник Бектеши. Со предложеното законско решение […]
Основното училиште со ресурсен центар „д-р Златан Сремац“ од Скопје и компанијата „Џонсон Мети“ ја продолжуваат заедничката соработка преку проект за изградба на инклузивно игралиште во училишниот двор. Како дел од активностите за поддршка на заедницата и подобрување на инклузијата, Џонсон Мети ќе обезбеди финансиска поддршка на проектот во износ од 5000 фунти (околу 6.000 […]
Членовите на Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) на Владата на Република Северна Македонија за обезбедување целосна координација на органите на државната управа, на правните лица основани од државата, како и на единиците на локалната самоуправа, во врска со спречување, внесување и ширење на коронавирусот КОВИД-19 на денешниот состанок разгледаа и разговараа за одделни предлози а […]
Министерството за здравство започнува со редовни анализи на неделно ниво, која секој петок ќе ја објавува во јавноста, а се однесува на процентот на вакцинирани меѓу позитивните случаи и починатите од КОВИД-19 во државата. Во оваа анализа за вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање […]
Членовите на Националната асоцијација на Лајонс клубови во Република Северна Македонија, Дистрикт 132, дадоа несебична поддршка во пакети со вода, сок, млеко, кроасани, мини бар енергетска храна и дополнителна парична помош за храбрите јунаци кои се борат со огнените стихии во многу македонски краишта. Речиси секој Лајонс клуб донира согласно своите можности. Според Гувернерката на […]