Костадинов: фали намалување од 0.001 грам манган на литар вода за да добиеме пак питка вода
Царината заплени антиген тестови на Табановце
При контрола на автобус пријавен за влез на ГП Табановце, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи привремено задржаа 1000 парчиња антиген тестови за Ковид 19.
-Вчера во 13:00 часот на ГП Табановце за влез се пријавил автобус со македонски регистарски на превозникот Дурмо турс од Гостивар, управувано од лицето С.М од Гостивар, кој сообраќа на редовна линија Германија- Струга. При извршена детална контрола, во багажниот простор биле пронајдени непријавени 3 пакети од патникот Б.С од Гостивар, во кои се наоѓале 1.000 парчиња антиген тестови за Ковид 19 Hotgen, со вкупна вредност од околу 50.000,00 денари, соопштија од Царинската управа.
Стокaта е привремено одземенa со Потврдa за привремено одземени предмети, а против пријавеното лице ќе биде поднесено Барање за поведување на прекршочна постапка до Одделението за прекршочна постапка при Царинска управа на Република Северна Македонија.