fbpx

Малолетничка тешко повредено во сообраќајка во Струмица

 Малолетничка тешко повредено во сообраќајка во Струмица

Вчера во 21:25 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на улица „Климент Охридски“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.А.(36) од Струмица и патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.В.(32) од Струмица.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од патничкото возило „пасат“, а со повреди се здобил и возачот З.В., констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Share via
Copy link