fbpx

МИОА објави алатка за пријавување на притисок на работно место во изборен контекст

 МИОА објави алатка за пријавување на притисок на работно место во изборен контекст

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, на прес-конференција ја презентираше алатката за пријавување на притисок објавена на веб страната на Министерството.„Министерството за информатичко општество и администрација продолжува со воспоставената пракса на објавување алатка за пријавување на притисоци во предизборен период на својата веб страна. Цврсто стоиме на заложбата дека притисоци, уцена и злоупотреба во јавниот сектор нема и нема да има!
И за време на оваа кампања, исто како и претходните кампањи во изминатите 3 години, вработените во јавниот сектор ја имаат моќта на лесен и едноставен начин да пријават доколку некој им врши притисок во контекст на изборниот процес. 
МИОА се обврзува сите пристигнати пријави да ги проследи до надлежните органи, за понатамошно постапување. За ова организиравме и координативни состаноци со ДКСК, Народниот правобранител, Агенцијата за администрација, Државниот трудов инспекторат, Агенцијата за вработување, како и други надлежни институции. Целта е да се обезбедат и гарантираат сите предуслови за фер и демократски избори.
Пријавувањето е анонимно, но доколку лицето кое пријавува сака да ги сподели личните податоци, тие ќе бидат заштитени согласно Законот за заштита на личните податоци. За ова веќе се преземени соодветни технички и организациски мерки.
Ова е само еден од механизмите кои МИОА ги презема во изминатиот период за целосна професионализација на јавниот сектор. Како што знаете Законот за ВРС е готов и единствено не е во сила само поради нефункционалното Собрание. Законот предвидува транспарентен и професионален избор, високи стандарди и критериуми за раководните позиции и претставува голем исчекор кон деполитизација на јавниот сектор.
Дополнително, ја менуваме културата на работење и после долго време, во овие три години јавниот сектор конечно работи согласно описот на своите задачи без притисоци и без да биде во служба на некој друг. Заробената држава е минато. Апелирам до вработените да ја користат оваа алатка и секој евентуален притисок да го пријават“. 

Share via
Copy link