Македонските олимпијци под „научен скенер“ за Лос Анџелес 2028
Мотоциклист потешко повреден во сообраќајка на патот Богданци-Гевгелија

СВР Струмица соопшти дека на вчера во 08:20 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионалниот пат од Богданци кон Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „хонда“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од К.К.(24) од Богданци, патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Ѓ.(49) од село Бунарџик, скопско и трактор со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Б.Ш.(45) од Богданци.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница во Гевгелија.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гевгелија.