Пионерите на Брера шампиони на едно коло пред крајот на првенството
Мотоциклист потешко повреден во сообраќајка во Струмица
Вчера во 14:45 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосницата од ул.„Герас Цунев“ со ул.„Кочо Рацин“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.Г.(36), и мотоцикл со струмички регистарски ознаки, управуван од Т.Н.(51), двајцата од Струмица.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицинскиот центар Струмица.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.
Фото: илустрација архива