Мотоциклист загина кај Гевгелија откако излетал од патот
Вчера околу 18:05 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на локалниот пат од с.Богородица, гевгелиско, кон регионалниот пат 1109, 37-годишниот С.Ф. од Гевгелија, управувајќи мотоцикл „кавасаки“ со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и пренесен е во Општа болница Гевгелија, каде што во 19:22 часот починал. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, се наведува во соопштението од СВР Струмица.
Извршен е увид од Јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Гевгелија.
Фото: илустрација архива