Мотоцоклист од Јосифово им подлегна на повредите по сообраќајна несреќа со трактор

 Мотоцоклист од Јосифово им подлегна на повредите по сообраќајна несреќа со трактор

Вчера околу 14:00 часот во ОВР Валандово, било пријавено дека на регионалниот пат од с.Јосифово кон с. Пирава, кај место викано „Железен мост“, валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „имт“ со приколка, со валандовски регистарски ознаки, управуван од В.Т.(75) од с.Пирава, валандовско и мотоцикл „сузуки“ со валандовски регистарски ознаки, управуван од С.К.(34) од с.Јосифово, валандовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во болницата во Валандово, од каде поради сериозноста на повредите бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде во 17.30 часот починал.

По наредба на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ОВР Валандово.

Фото: илустрација архива

Share via
Copy link