fbpx

МВР со детали за удавениот во Дојранско Езеро

 МВР со детали за удавениот во Дојранско Езеро

На 13.08.2023 во СВР Струмица е пријавено дека околу 11.30 часот во Дојран, едно лице од педалинка влегло во водите на Дојранското Езеро, но набрзо потонало.

Полициски службеници од СВР Струмица излегле на местото на несреќата при што било утврдено дека станува збор за 42-годишник од Штип.

Нуркачки тим од САЕ „Тигар“ презема мерки за пронаоѓање и извлекување на телото.

Фото: архива

Share via
Copy link