fbpx

ЦУК:Се трага по давеник во Дојранско Езеро

 ЦУК:Се трага по давеник во Дојранско Езеро

Регионалниот ЦУК Струмица информира за давеник во Дојранско Езеро, кој исчезнал во водата кон пладне, информираа денеска од Центарот за управување со кризи.

Лицето не е пронајдено и е непознато.

Настанот се случил кога лицето било качено на педелинка што најверојатно се превртела, а лицето не знаело да плива. За сега, нема податок дали имал безбедносен елек. Телото се уште не е пронајдено заради тоа што во езерото има многу трски, алги,а и слаба е видливоста – до 1метар длабочина.

Местото на настанот било блиску до брегот и било обезбедено од припадници на МВР, кои ги известиле сите институции и побарале помош од специјалните нуркачки единици од МВР Тигри за да се спроведе акцијата за пронаогање на телото.

На лице место се ТППЕ и СВР Гевгелија.

Фото: архива

Share via
Copy link