fbpx

МВР за вчерашната сообраќајка на „Младинска“

 МВР за вчерашната сообраќајка на „Младинска“

На 07.07.2020 во 11.50 часот од ул.„Младинска“ во Струмица се случила сообраќајна незгода во која товарно возило „рено мастер“, со кочански регистарски ознаки, управувано од С.С.(27) од Кочани, удрило во патничко возило „алфа ромео“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(26) од Струмица и во паркирани патнички возила „цитроен ц4“, со струмички регистарски ознаки, и „фолксваген поло“, со бугарски национални ознаки. Притоа, од полициски службеници од СВР Струмица во возилото „рено мастер“ биле пронајдени 32 мигранти, од кои 15 од Авганистан, девет од Пакистан, шест од Бангладеш и по еден од Сирија и Ирак. По незгодата, во Медицински центар Струмица биле пренесени осум мигранти, при што кај двајца биле констатирани тешки телесни повреди, а кај шестмина телесни повреди. Возачот С.С. бил приведен и задржан во Полициската станица Струмица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, а мигрантите се сместени во Прифатниот транзитен центар Винојуг. 

Извор:МВР-билтен

Share via
Copy link