Пред монументалниот споменик на Делчев одбележани 154 години од неговото раѓање
На 27 јануари акција за собирање на електронски отпад во Струмица

На 27 јануари (понеделник), единственото социјално претпријатие лиценцирано за управување со неопасен отпад РЕДИ Рециклажа ќе одржи еднодневна акција за собирање електронски отпад во Општина Струмица.
Целта е да ги поттикнеме жителите и бизнисите да се ослободат од своите електронски уреди (телевизори, компјутери, лаптопи, телефони, апарати за домаќинство и сл.) на еколошки одговорен начин.
Струмица, веќе препознатлива по своите зелени иницијативи, повторно има можност да покаже лидерство во заштитата на животната средина. Собраниот отпад ќе се биде рециклиран, а со оваа акција диретно се поддржуваат маргинализираните и социјално загрозени заедници и се придонесува за почиста околина.
Клучни информации:
- Датум: 27 јануари (понеделник)
- Локација: Директно од домови, канцеларии и викендички на територија на општина Струмица
- Пријавување: 076 460 665 (WhatsApp/Viber) или порака со адреса
- Кој: Сите заинтересирани граѓани и компании