Струмичани во најголем дел не знаат да го селектираат отпадот и ги кршат контејнерите
На Струмичкото корзо отворена изложбата „Врамено време“
Синоќа на Струмичкото корзо беше отворена изложбата „Врамено време“, на која се презентирани 24 репродукации на стари фотографии од Струмица, во периодот од 1900 до 1938 година.
Организатор на изложбата е Здружението за култура и визуелна уметност „Кадро“, а изборот на фотографиите е направен од околу стотина кои им биле на располагање.
Изложбата е поставени на делот од Струмичкото корзо од општинската зграда до плоштадот.
Изложбата „Врамено време“ е во рамки на манифестацијата „Струмица-град на културата 2021“.