fbpx

Тракторист потешко повреден на патот Струмица-Радовиш

Вчера во 21:20 часот било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш-Струмица, во близина на клучка за село Воиславци, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „волво“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Г.В.(72) од Струмица и трактор ,,ИМТ 533“, без регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(54) од село Сулдурци.

Во незгодата возачот на тракторот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Штип.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.

Share via
Copy link