fbpx

На три локации во Радовиш полицијата откри бесправно исчени огревни дрва

На 25.02.2022 во периодот од 17.00 до 24.00 часот и на 27.02.2022 година во периодот од 05.30 до 12.30 часот, полициски службеници од ОВР Радовиш извршиле контроли на подрачје на Радовиш, при што на три различни локации (две во Радовиш и една на планина Плачковица) биле пронајдени две патнички моторни возила и две запрежни возила натоварени со бесправно исечени огревни дрва.

Дрвата и возилата биле одземени и предадени на Шумска полиција Радовиш, а по целосно расчистување на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Share via
Copy link