fbpx

Нападнат малолетник во Василево додека лепел плакати од политичка партија

 Нападнат малолетник во Василево додека лепел плакати од политичка партија

На 30.10.2021 во 01,20 часот М.Т.(44) од село Василево пријавил дека на 29.10.2021 околу 23,30 часот, додека неговиот син лепел плакати од политичка партија во непосредна близина на домот на културата во село Василево, дошол К.Ц.(18) и почнал да лепи плакати врз плакатите од друга политичка партија, соопшти денес МВР.

Потоа К.Ц. почнал да го прска со спреј малолетникот, по што физички го нападнал и му се заканил со остар предмет.

Пријавениот бил лишен од слобода и со него бил извршен разговор. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Share via
Copy link