fbpx

„НОВУС“ и новинарите од регионот заедно дебатираа за подобрување на довербата и слободното известување

 „НОВУС“ и новинарите од регионот заедно дебатираа за подобрување на довербата и слободното известување

Центарот за истражување и анализи „НОВУС“ во партнерство со Здружението за медиумска писменост „Медија Флеш“- Струмица, денеска во просториите на „Europe House“ во Струмица ги презентираа наодите од истражувањето за тоа колку репортерите од Југоистокот слободно известуваат и колку им веруваат.

Истражувањето се базира на анкета спроведена врз 251 испитаници од  Струмица каде се анкетирани 42,2 отсто од испитаниците, во Босилово 20,3, Ново Село-19,9 и Василево 17,5 отсто. Анкетираните се на возраст од 18 до 74 години.

Анализата покажува дека граѓаните од Југоисточниот регион се со ниско ниво на медиумска писменост, но и низок праг на знаење за работата и улогата на новинарите, кои многу лесно се поистоветуваат со секоја објава на портал или социјалните мрежи, а која не исполнува ниту минимум новинарски правила.

На средбата присуствуваа новинари, медиумски работници и сопственици на медиуми кои известуваат за Југоисточниот плански регион. Во дебатата главно прашање беше на кој начин да се допре до младите за да можат да разликуваат невистинита од вистинита вест, што е новинарство, што не е, што е она кое граѓанските здруженија е потребно да го знаат кога соработуваат или канат новинари на одредени настани и како да се зголеми капацитетот на граѓаните, посебно на младите во Југоисточниот плански регион за критичко размислување преку мотивација за креирање на сопствен став и одговорно изјаснување во јавноста, со користење на аргументи и компетентност.

Денешниот настан се одржа во рамки на Проектот „Граѓанско сојузништво за репортери без граници“ поддржан во рамките на Програмата за поддршка safejournalists.net, финансиран од страна на Европската унија.

Share via
Copy link