„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Обид за атентат врз Доналд Трамп на митинг во Пенсилванија
Поранешниот претседател на САД и сегашен кандидат од страна на Републиканците, бил погоден со куршум на предизборен митинг во Батлер, Пенсилванија, објавија бројни американски медиуми.
ФБИ го потврди идентитетот на атентаторот кој пукаше во Доналд Трамп како Томас Метју Крукс од Пенсилванија. 20-годишниот од Паркот Бетал, Пенсливанија, отвори оган на поранешниот претседател од покрив на објект оддалечен 130 метри од собирот, објавија американските медиуми.
Крукс уби едно лице од толпата, го погоди Трамп во увото, а потоа беше застрелан од агенти на Тајната служба.
Полицијата била видена околу неговото тело и пушката која тој ја користел во еден од најстрашните акти на политичко насилство во историјата, пишува „Дејли мејл“.