„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Од ноќеска бензините поскапи за два денари, дизелот за половина денар
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука од полноќ за поскапување на бензините за два денари, а на дизелот за половина денар.
(1) Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт,
изнесуваат:
- Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 60,50 (денари/литар)
- Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 62,50 (денари/литар)
- Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 49,50 (денари/литар)
- Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 49,50 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС – 25,311 (денари/килограм)
-Со оваа Одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,37%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 14.09.2020 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 4,663% или за 17,800 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 3,692% или за 11,400 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за околу 2,769 % или за 8,500 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 5,388% или за
околу 13,400 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 52,0303 ден/$ и е за околу 0,297% понизок од курсот на доларот (52,1851 ден/$) по кој беа формирани цените со
претходната пресметка, стои во образложението за поскапувањето на бензините и дизелот на Регулаторната комисија.